Опасно свлечиште им се заканува на неколку куќи во селото Завој – охридско. Деновиве дошло до лизгање на земјиште во Завој по што екипа во составена од преставници на Регионалниот центар за управување со кризи, локалната самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување во Охрид, излегле на теренот со цел да се утврди фактичката состојба.

– Од извршениот увид констатирано е дека станува збор за поголемо одвојување на земјена маса на дел на селскиот пат, кој во текот на оваа година бил експлоатиран со поголеми товарни возила кои вршеле дотур на градежни материјали за изградба на антенски и репетиторски столбови во сопственост на МВР и Космофон. Земјата била под влијание на временските услови и подземните води, а од предизвиканата ерозија постои опасност за неколку куќи и за селскиот пат, соопшти Центарот за управување со кризи.

Ohridnews