Голем одрон се случи вчера во непосредна близина на манастирот Св. Петка во с. Оровник. Свлечиштето оштети дел од патот кој води до манастирот, а селаните стравуваат од нови одрони бидејќи на повеќе места во близина се појавиле пукнатини во земјата. Жителите на Оровник упатија апел за помош до надлежните да се санира свлечиштето кое му се заканува на манастирот Св. Петка.


Свлечиште му се заканува на манастирот Св. Петка

Неодамна проработи и свлечиштето кај хотелот Метропол. Околу 1000 кубни метри карпи и камења го затрупаа патот за Горно Коњско, а дел завршија на коловозот од регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Одронот беше брзо расчистен, но месното население стравува дека доколку свлечиштето соодветно не се санира може повторно да дојде до нови одрони.

Горан Момироски
фото: Бојан Тодороски