Во рамките на проектот „ Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот“ во организација на ОХО, основното училиште „ Св.Климент Охридски“ зеде учество и изработи проект за заштеда на вода, со што се здоби со финасиски грант.
– Средствата од грантот се строго наменски и поврзани со проектот, така што во сите тоалети и спортската сала беа променети старите славини со нови „временски“ славини кои сами се исклучуваат по одредено време. Со оваа активност планирано е за 20-30% проценти да се намали потрошувачката на вода во однос на минатото, информира директорот на училиштето, Јордан Пуроски.
OhridNews