Лиополд Вробел (51) од Вингерворт во Англија, осуден е на казна затвор од 20 недели поради асоцијално однесување и вознемирување, бидејќи секој пат кога ќе ги здогледал соседите почнувал да ја свирка мелодијата од познатата ТВ серија Фамилијата Адамс.
Оценувајќи дека ваквото однесување не е опасно, обвинителството истакнало дека тоа за кратко време станува неподносливо за околината. Кетлин Шарп, сосетка, е еден од сведоците на судењето која изјавила дека по неа свиркал секој пат кога ќе излезела од дома.
Вробел ги отфрлил сите обвинениа, но снимките од камерите за видео надзор покажале дека всушност тој бил тој кој свиркал по соседите секој пат кога тие излегувале или влегувале во домовите.