Кинезот Лиу Веј, кому кога имал десет години му биле ампутирани рацете, го привлекол вниманието на светската јавност свирејќи клавир со прстите на нозете во една телевизиска емисија. Освен тоа ова момче извело и една непозната композиција, за која изјавило дека ја напишал самиот.
Рекол дека се што прават луѓето со рацете тој е во состојба да го направи со нозете. Со стапалата го користи компјутерот, се облекува, јаде, ги мие забите и така натаму. Според неговите зборови единствено што не може да прави е да управува со автомобил.