На прославата по повод 21 година Рамковен договор што се одржа синоќа на плоштадот Скендербег во Скопје, публиката ја исвирка водителката при нејзиното обраќање на македонски јазик.
Инцидентот се случи на таканаречениот Мировен фестивал што го организираше министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, за што се издвоени 100000 евра од буџетот на државата.
Владата вечерва се огласи со кусо соопштение во кое се потенцира дека успешно била одбележана 21- годишнината од Охридскиот договор.
Оваа година 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор беше заокружена со успешен „Мировен фестивал“ на плоштадот “Скендербег” во Скопје. Во оваа прилика изразувам благодарност до сите илјадници присутни кои беа заедно со уметниците кои вчера вечер настапија. – стои во владиното соопштение.
OhridNews