Свирепо убиство се случи синоќа околу 20 часот во охридското село Слатино. Како што соопшти СВР Охрид, триесет и седум годишниот Спасе Митрески со повеќе удари со камен ја усмртил својата седумдесет и две годишна мајка Милева Митреска. Првично полицијата соопшти дека убиството било извршено со нож кој бил пронајден во близина на местото каде се случил немилиот настан, но подоцнежната истрага утврдила дека делото било извршено со употреба на камен.


Според полицијата убиецот бил под дејство на алкохол. Непосредно по извршување на делото тој бил приведен од страна на полицијата, при што не пружил никаков отпор.


Телото на убиената е предадено на судска медицина, a против Спасе Митрески  е поднесена кривична пријава за „убиство на свиреп  начин “, a денеска тој ќе биде изведен пред истражен судија. Како што соопшти СВР Охрид, осомничениот за убиството во Слатино кој од порано и бил познат на полицијата,  еднаш веќе бил осуден на осум години затвор за убиство на соселанец.


Педестината жители на охридско Слатино, со неверување гледаа на трагичниот настан. Тие раскажуваат дека во минатото во селото се случиле повеќе убиства. Според нив Спасе по излегувањето од затвор, бил мирен човек кој се занимавал со сточарство. Живеел заедно со неговата мајка во семејната куќа во Слатино. Велат дека немале сериозни недорабирања, се до синоќа кога Спасе по караницата и го одзел животот на мајка си на улицата пред семејниот дом.

 

Ohridnews