Францускиот хармоникаш Жан-Мишел Генишо постави нов светски рекорд во издржливост на хармоника на која свирел 265 часа, односно повеќе од 11 дена без прекин. Според локалниот весник Сидуест, Генишо свирел пред своите пријатели, кои повремено се менувале на инструментите, а самиот одмарал по пет минути на секои три часа. Овој музичар, кој воедно е и наставник, својот маратон го одржа во Пресак, град на југозападот од Франција помеѓу 16 и 27 октомври.
Генишо го држеше и претходниот рекорд од 251 час, кој го постави уште во 1994 година. Французинот кој има 49 години пред 20 си ветил дека повторно ќе се обиде доколку никој не го собори неговиот рекорд. За овој подвиг се припремал играјќи сквош, возејќи велосипед и трчајќи. Изјави дека сега местото го отстапува на младите. На неговата свирка многумина од граѓаните на Пресак ја искористија да се забавуваат танцувајќи.