Домашното свинско месо е здраво и безбедно, информираше денеска Групацијата на производители на свинско месо и Групацијата на производители на преработки од месо при Стопанската комора на Македонија. Според нив употребата на терминот „свински грип“ е потполно неисправна и се препорачува употреба на терминот „северноамерикански грип“, а некаде се користи и терминот нов или Мексикански грип.

Групацијата смета дека непотребно е воведување на мерки во интернационалната трговија на месо бидејќи конзумирањето на производи од месо е безбедно. Од Групацијата предупредуваат дека економскиот удар од новата болест е огромен, бидејќи прометот со свинско месо во Македонија е опаднат за 50 отсто.

Државата превентивно деновиве воведе забраната за увоз на живи свињи, а на сила се и други мерки за контрола на патници кои доаѓаат од ризичните земји.

Инаку новиот вирус на грип се повеќе се шири во светот, а денеска регистриран е и првиот смртен случај во САД. Дваесет и три месечно дете во Тексас почина како последица од свинскиот грип од кој се смета дека во САД и Мексико се инфицирани илјадници луѓе

Ohridnews