Претходно од компликации од Свински грип на скопската клиника почина жител на Охрид и уште едно лице.
Вкупно оваа зима од сезонски и свински грип во Македонија починаа 15 лица. До сега се регистрирани 24.000 заболени од грип, од кои најмногу во Скопје, Прилеп и Битола.
Надлежните предупредуваат дека сезоната на грип сеуште не е завршена, а на населението му се препорачува да се придржува до мерките за заштита.