Претседателот на Советот на општината, Владо Чингоски, за понеделник на 29 декември ја свика шеесет и првата седница на Советот. Седницата ќе се одржи во големата сала на општинската зграда со почеток во 11часот.
За седницата предложен е дневен ред со вкупно 43 точки. Од нив, првите 23 се Предлог – Одлуки по развојните програми кои беа утврдени на минатата седница како Нацрт-Програми и дадени на јавен увид. По нив се одржа и завршната јавна трибина на 16 овој месец,со што се овозможи на граѓаните, институциите, здруженијата, НВО-секторот и месните односно урбаните заедници да го дадат своето мислење, односно забелешки, предлози и сугестии.
Останатите Предлог- одлуки, меѓу кои и една иницијатива се однесуваат на измени на сегашните Одлуки за утврдување на висината на разни давачки, односно такси и даноци.
Во дневниот ред е и Предлог-Одлуката за именување Одбор за изградба на споменикот на Христо Узунов.
Последните три точки по кои се очекува да расправаат советниците се од урбанистичката сфера.
Ohridnews