На 28 април, со почеток во 11:00 часот, Советот на општината ќе ја одржи 58 седница, информира прес службата на локалната самоуправа.

На дневен ред на оваа седница ќе се најдат дурим73 точки. Меѓу нив и предлог – одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2021 година и за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното (неизградено и изградено) земјиште за календарската 2021 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид. Советниците ќе ја разгледаат и предлог – одлуката за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште за календарската 2021 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини, како и предлог – одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид.

Пред советниците ќе се најдат и предлог – програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2021 година и предлог планот за управување со отпад на општина Охрид за период 2021 -2023 година, како и предлог – програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2021 година.

Советниците ќе разгледаат повеќе правилници за користење на средства од буџетот, предлог одлуката за донесување Правилник со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на локации за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид,  предлог одлуката за усвојување на стратегијата зa меѓуетничка интеграција во образованието и младински активизам на општина Охрид, како и плановите за запишување ученици во учебната 2021/2022 година.

Советот ќе расправа по предлог – одлука за усвојувње на годишниот извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Југозападниот плански регион и годишан извештај за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2020 година, а ќе биде разгледана и предлог – одлуката за давање согласност на измените на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.

На дневен ред е и предлог – одлуката за усвојување на годишна сметка и извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2020 година за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година, одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ова јавно претпријатие со статус на административни службеници за 2021 година и други одлуки поврзани со тековното работење на ова и другите јавни претпријатија во општината

Советнивите ќе расправаат и за разрешување и именување членови на надзорни и управни одбори во јавни установи во општината, за плановите за вработување во јавните претпријатија во општината и друго.

OhridNews