На површината на свеѓото овошје и зеленчук постојат 26 различни видови бактерии, покажале резултатите од истражувањето на двајца научници од универзитетот Колорадо во САД. Востановено било дека истите бактерии не се присутни на производите од органско и конвенционално земјоделство.

Производите од органско потекло содржеле помалку бактерии кои се присутни кај преживарите отколку оние од конвенционално производство. Засега не било дадено никакво објаснување. Спротивно од бактерии присутни во говедата или пилешкото месо, бактерии во храната од растително потекло не биле опасни.