По повод 11 Октомври- Денот на народното  востание, делегација  на општина Охрид положи свежо цвеќе  пред  спомен обележјата на  Андон Дуков, Спас Банџов, Петре Пирузе – Мајски и  Мите Богоески во  Спомен – паркот  на Револуцијата и кај  Градските гробишта.

Пред спомен обележјата се поклонија  и свежо цвеќе положија и претставници  од  ОО на Сојузот на Борци на НОАВМ од Охрид и Дебарца, од политичките партии и  останати претставници на јавниот живот од Охрид.

OhridNews