Убавината на нашата кожа зависи од тоа што јадеме, а некои свежи намирници ќе направат повеќе отколку скапите креми.
Убавата кожа е желба на секоја жена, а пред да се одлучите да потрошите мало богатство на креми и лосиони, почнете со обновување на кожата одвнатре со употреба на вистинските намирници од своето мени.
Најдобар ефект ќе има различната свежа храна која можете да ја изедете како салата или смути, а најдобро е да започнете со обичен домашен спанаќ. Спанаќот има одличен ефект врз кожата поради високиот процент на витамините А,Б6, Ц и Е кој на кожата ќе и ја врати еластичноста. Би било добро да го консумирате три пати неделно како додаток на други салати или во смути.
Оревите се преполни со витамини Б, Б1 и Е кои имаат одличен ефект – спречуваат уништување на колагенот под кожата и ја подобруваат циркулацијата што на кожата ќе и даде здрав изглед. Исецкајте неколку ореви и посипете ги врз салата, одлично ќе се вклопат.
Јаболката и цитрусите преполни се со витамин Ц, клучен антиоксидант кој го подобрува производството на колаген и кожата ја прави блескава, мазна и мека, па потпрете се на онаа старата-едно јаболко секој ден.
За крај, црвеното шумско овошје е исто така полно со антиоксиданти и влакна кои ќе спречат создавање на брчки и ќе го вратат сјајот на вашата кожа.
извор:metro-portal.hr