Охрид идната година ќе биде домаќин на Светското ракометно првенство за јуниори, одлучи ИХФ.

– Нема сомнение дека ова е најубаво признание за нас како град дека бевме добри домаќини на штотуку завршениот голем спортски настан. Истовремено, ова за мене е потврда дека можеме да постигнеме многу во афирмацијата на Охрид во светот и на спортски план само ако работиме сериозно и се посветиме на целта. Тоа што ќе бидеме домаќини на СП  веќе е доволна потврда дека Охрид се вбројува во светски познати градови и дестинации. Убеден сум дека ќе бидеме беспрекорни домаќини и за СП и ќе се стекнеме со уште многу нови пријатели,  гости и почитувачи,  изјави  градоначалникот Петрески  по објавувањето на веста.

Охрид во континуитет е домеќин на значајни спортски настани, како што беше и Европското ракометно првенство, што неодамна заврши со триумф на Норвешка.

Ohridnews