Светската атлетска федерација го одложи Мундијалот во сала кој требаше да се одржи во Кина во март оваа година. Федерацијата повлече очекуван потег, откако во Кина владее епидемија од корона вирусот.

Знаеме дека Кина прави се што е возможно да се бори против вирусот, но потребно е нашите спортисти и федерации да се безбедни и сигурни. – се вели во соопштението на ИААФ.

Светското првенство во Кина ќе се одржи во март месец следната 2021 година.

OhridNews