Со организацијата ана светското првенство во фудбал, Германија заработи повеќе од 100 милиони евра, но девет месеци по завршувањето на овој натпревар, стана јасно дека растежот на наталитетот е најголемата добивка од тој спортски спектакл.
Имено, според податоците на државниот статистички завод во Германија во април е забележан невиден “бејби бум”. Во земјата, која во склад со европските трендови мака мачи со опаѓањето на наталитетот и демографските планови, минатиот месец се родени дури 30 проценти повеќе деца отколку во април минатата година, што досега е незабележан растеж.
“Кога се играат вака големи фудбалски натпревари, емоциите се значително засилени, а кога нашата репрезентација игра добро, тие емоции се и позитивни, што пак го зголемува бројот на сексуални односи, а со самото тоа и можноста жените да останат бремени”, изјавил доктор Ролф Клише.
“Сега барем знаеме што треба да направиме за да го зголемиме наталитетот. Според се, излегува дека е подобро да вложуваме во фудбалската репрезентација, отколку во социјалата”, се пошегувал тој.