Светското првенство во фудбал не беше добро само за германската економија, туку и за наталитетот! Сите болнички соби за идните мајки во април се во потполност резервирани, така што останатите мајки ќе мораат да одат на другите оддели.

„Жените велат дека детето сувенир од светското првенство, е резултат на еуфоријата околу турнирот“ – изјавила бабицата Барбара од Келн. Мноштво од жените кои очекуваат деца ќе ги крстат Лукас, Бастиан или Михаел (по фудбалерите – Подолски, Швајнштајгер и Балак).

И на Македонија добро би и` дошло едно светско првенство.