Во британскиот град Бонсала изминатиот викенд било одржано светско првенство во трки на кокошки. Пердувестите учесници се натпреварувале кој прв ќе стигне до целта. Оваа необична трка на 18 метри се одржува секоја година, подолго од еден век.

Некои фармери трката ја сваќаат премногу сериозно и ги подлегнуваат кокошките на строг режим на исхрана и вежбање. Тие користат зрна и разни рачно изработени предмети кои би ги охрабриле птиците да бидат побрзи.