Еден Фински пар ја победил конкуренцијата на домашен терен и победил во овогодинешното првенство во носење жени кое се одржа по 14-ти пат. Меѓу 35-те пара од разни делови на светот, вклучувајќи ги Јапонија, САД, Австралија, Ирска и други, победил еден пар од Финска. Главната награда е онолку литри пиво колку што е тешка сопругата.
Победникот изјавил дека се занимава со разни спортови, но дека овој му е најтежок. Патеката полна со препреки ја минале за нешто помалку од од една минута. Ова е само едно од многуте бизарни натпреварувања кои се одржуваат во Финска секоја година. Меѓу останатите се и фудбалското првенство во кал, натпревари во фрлање мобилни телефони во далечина, и светското првенство во најдолго седење во сауна.