На крајот од мај месеци и почеток на јуни следната година во Скопје ќе се одржи Светско фудбалско првенство на непризнаени земји. Мечевите ќе се играат на Арената „Тодор Проески“.
Со возбуденост може да објавиме дека Светскиот фудбалски куп 2020 година ќе се игра во Скопје, Република Северна Македонија. Турнирот ќе се одржи од 30 мај до 7 јуни 2020 година. Не можеме да дочекаме да ги пречекаме сите во прекрасната земја Македонија! – стои во соопштението на Конфедерацијата на непризнаети земји (КОНИФА).
Во јануари ќе биде извршена ждрепката и тогаш ќе бидат познати учесничките. Земји кои би можеле да учествуваат на овој турнир се некои како Јужна Осерија, Тибет, Западна Захара, Хаваи…
OhridNews