Светската индустрија за производство на сладолед деновиве се собра во Римини, Италија, каде се одржа најзначајниот саем во глобални рамки, „SIGEP WORLD“ каде се презентираат најновите трендови и технологии за производство на најпосакуваниот десерт во светот, но и на колачи, чоколади, кафе и пица. И оваа година на „SIGEP“ присутен е охридскиот бренд „Ночолино“ – омилената џелатерија на љубителите на најдобриот леден десерт.

Во живата атмосфера на саемот во Римини, излагачите ја презентираат иднината на својата индустрија, нудејќи им на посетителите ексклузивен увид во идните трендови и неистражените вкусови.

Настанот нуди целосен концепт, од производи, состојки и услуги до опрема, мебел, решенија за пакување и технологии.

Целата индустрија се состанува на „SIGEP“ за да размени идеи, да разговара за нови технологии и новите предизвици во секторот. На секој агол можеше да се почувствува желбата да се иновира и да се создаде нешто уникатно, од технологија за сладолед до пециво, вели Александра Ноческа од џелатерија „Ночолино“.

Концептот на „SIGEP“ е италијански начин за освојување клиенти, туризам и промоција базирана на најдобрите вредности што можеме да му ги покажеме на светот, додава таа.

Саемот „SIGEP“ во Римини е место за воспоставување контакти и градење односи со главните играчи во секторот. Идеално место за создавање на нова перцепција во поглед на изработката и продажбата на сладоледот, место за создавање на иднината. Секоја интеракција претставува скапоцена можност за учење, растење и искористување на нови деловни можности. Неопходен дел доколку сакаме да напредуваме и да бидеме секогаш инивативни и во тренд со светот, истакнува Ноческа.

Искуствата се непроценливи, вели Ноческа, посочувајќи дека поседуваме потенцијал кој може и треба да се искористи.

На овој саем научивме дека секогаш треба да си го сакаме своето, да го искористиме тоа што го имаме на најдобар начин. Ќе создаваме квалитет во комбинација на италијански технологии и рецепти, и со најдобрите производи од нашето поднебје.

Нашиот заклучок? „SIGEP“ е повеќе од настан: тоа е точка за средба на оние кои ја доживуваат подготовката и продажбата на сладоледот како универзум кој постојано се развива. Со нетрпение очекуваме да се вратиме во март, со нови проекти нови вкусови и нови технологии и заедно да уживаме во слаткиот свет кој неизмерно го почитуваме, му се посветуваме и го работиме со огромна љубов, истакнуваат од џелатерија „Ночолино“ која во март ги отвара витрините со најпосакуваниот десерт во светот и ненадминатите вкусови на италијанскиот сладолед.

OhridNews