Јаник Синер суспендиран e на три месеци поради употреба на клостебол. Оваа одлука е донесена откако најдобриот светски тенисер, се договори со Светската антидопинг агенција – ВАДА, јави Скај Италија.
ULTIM’ORA TENNIS
Caso Clostebol, Jannik #Sinner squalificato 3 mesi
Accordo tra il numero 1 al mondo e la Wada#SkySport #Tennis #SkyTennis #Wada— skysport (@SkySport) February 15, 2025
Италијанецот минатата година двапати беше позитивен на клостебол на Мастерсот во Индијан Велс. Суспензијата ќе трае од 9 февруари до 4 мај, па Синер нема да игра на турнирот во Доха.
Утврдено е дека Синер не е виновен за внесување на забранета супстанца во неговото тело, дека нема намера да изневерува и дека нема корист од тоа што во неговото тело бил пронајден клостебол.
Со оглед на тоа дека спортистите се одговорни за постапките на луѓето од нивниот тренерски штаб, Синер мора да биде казнет и три месеци изгледаат како соодветна санкција. Вклучувајќи ги и тие четири дена од претходно.
Изјава на ВАДА
Меѓународната агенција за интегритет во тенисот го ослободи Јаник Синер од обвиненијата, но ВАДА инсистираше Италијанецот да биде казнет. Светската антидопинг агенција смета дека пресудата „без вина или небрежност“ не е во согласност со важечките правила и бараше суспензија од една до две години.
Синер цела недела тренира во Доха и се подготвува за турнирот, но суспензијата почнува веднаш и тој нема да игра на турнирот во Катар.
Г.М.