Светскиот ракометан првак Франција во Тулуз со 35-24 (17-10) ја совлада Македонија во четвртата рунда од квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година.
„Црвено жолтите“ петнаесетина минути одлично им парираа на домаќините кои играа со половина сили откако селекторот Клод Онеста мечот го започна со комбиниран состав.
Французите притиснаа на гаста и со серија погодоци се одлепија на највисоки (16-8). До финишот на првиот дел нашите ракометари намалија еден погодок (17-10).
Македонија во 43-та минута одновно се врати во игра намалувајќи на 21-18, но французите уште еднаш притиснаа за лесна и убедлива победа.
Со вториот триумф над Македонија во квалификациите ракометари на Франција го обезбедија првото место во групата и пласманот на Европското првенство во Полска.
Судбината за настапот на ЕП во Полска македонските ракометари ја имаат во свои раце во преостанатите два мечеви против Швајцарија и Чешка во гости односно дома.
Мх.П.