Соиграчот на Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид,
Јулен Агинагалде нема да може да настапи за Шпанија на двомечот со
Македонија во квалификациите за Европското првенство во Данска следната
година.


Линискиот ракометар повредата ја заработи на
натпреварот од Лигата на Шампиони против Фуксе Берлин. На мечот “да се
биде или не“ за “црвено белите“ блескаше Лазаров постигнувајќи шест
погодоци, а Агинагалде застана на четири.

Светскиот првак во Скопје гостува на 4 април додека реванш дуелот во Шпанија се игра четири дена подоцна.

Мх.П.