Македонија сигурно ќе освои медал на Олимписките игри во Токио, откако таеквондистот Дејан Георгиевски обезбеди пласман во големото финале во категоријата до +80.
Георгиевски во полуфиналната битка со 12-6 го совлада Кореецот Ин Ки Дон и на тој начин се пласирираше во финалето. Таму го очекува најдобриот таеквондист Владислав Ларин од Русија.
Што се однесува до борбата во полуфиналето, Ки Дон ја отвори добро и со удар со раката обезбеди минимална предност од (1-0) после првата рунда. Георгиевски сиот свој потенцијал го покажа во следните две рунди, кога буквално го растури противникот. Прво со казнен поен изедначи на 1-1, а со два директни удари зголеми на 5-1. Следуваше кам бек на Кореецот, намалувајќи на 5-3 но Македонецот не дозволи возбудувања и со нови директни удари се одлепи на 9-4. Следуваше мирна завршница и сигурна победа од 12-6.
Инсерти од полуфинална битка на ОИ во Токио.
Финалето е закажано во 14:45 часот.
- Извештаи од првата и втората борба на Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски продолжува во походот кон медал на Олимписките игри во Токио, пласирајќи се во полуфиналето во категоријата +80 килограми.
Георгиевски во првата фаза го елиминираше Светскиот првак Рафаел Алба со вкупен резултат (11-8), а во втората, која заврши предмалку го совлада Кубане од Брегот на Слонова Коска со вкупен резултат 9-4.
Знаменосецот во дуелот со Кубане покажа квалитет и пред се трпеливост, кога противникот тактизираше. После првата релативно мирна рунда, Георгиевски прв освои поени во втората рунда. Во решавачката трета рунда на површина излезе квалитетот на Георгиевски кој со серија удари го реши противникот.
Видео од првата борба со Светскиот првак.
Видео од втората борба со Кубане.
За еден час на програмата се полуфиналните пресметки. На Георгиевски од медал на ОИ го дели само уште една победа, бидејќи ако изгуби во полуфиналето во репасажите ќе разигрува со уште неколку таеквондисти.
OhridNews