Светскиот Марш на мирот и ненасилството кој годинава се организира за прв пат, денеска пристигна во Охрид. Целта на маршот е да мине низ што поголем број држави во светот и да ја поттикне важноста на секој поединец во градењето хумано општество,пренесувајки ги пораките за мир, ненасилство и толеранција.


На свеченоста што попладнево се одржа на  градскиот плоштад учесниците во маршот ги поздрави претседателот на Советот на општината Душко Јаковчески.

– Од Охрид упативаме силна порака за мир и ненасилство насекаде низ светот, рече во своето обраќање Јаковчески.


По повод светскиот марш на мирот во Охрид ќе се одржи и Трибина на Мирот во Охрид која е во организацоија на Катедрата за мировни студии при Филозофскиот Факултет во Скопје и на неа ќе се обратат  професорите  Б.Ванковска, Љ. ЃеоргиеваА, проф. Во пензија Љ. Ајдински и европскиот портпарол Џоџо Шултце.

Светскиот Марш на мирот и Ненасилството го започна својот пат низ светот на 2. Октомври од Нов Зеланд а ќе заврши на 2. Јануари во Аргентина.

Ohridnews