По повод светскиот ден на остеопорозата, 25 октомври, петок, во Охрид утре ќе се одржи е се одржи стручна работилница со наслов „Остеопороза- Колку е раскажана нашата приказна?“.

Целта е да се унапреди професионалната компетенција на лекарите за остеопорозата и да се развие поширока и потемелна дискусија за актуелните проблеми поврзани со дијагноза и третман на ова заболување.  На работилницата ќе говорат: д-р Снежана Марковиќ, проф. д-р сци.ендокринолог – Универзитетската клиника за Ендокринологија во Скопје и претседател на Македонско здружение за остеопороза; д-р Марта Фотева, д-р сци.ортопед – Универзитетска клиника за Ортопедија, Скопје; претседател на Македонска асоцијација за применета дензитометрија – ДЕКСА, д-р Мимоза Николовска Котевска, м-р сци.ревматолог – Универзитетска клиника за Ревматологија, Скопје; претседател на Македонска ревматолошка асоцијација, како и  д-р Лилјана Котлар, сци.интернист-Општа Болница Охриди претседател на Здружение на Лекари Охрид и Љупчо Шајновски, М-р фарм. – директор на Pharmanova, како подржувач на активностите за подигање на свесноста за остеопорозата и професионализмот во менаџментот на ова заболување.

OhridNews