8-ми Април e Светскиот ден на Ромите, кој воедно е  и Државен празник во Република Македонија. На пригоден начин Светскиот ден на Ромите беше одбележан во Охрид со хуманитарна акција што ја организираше  партијата Демократски сили на Ромите.  

Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивниот број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% живеат во земјите од источна и југоисточна Европа. Најголем број на Роми има во Романија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Чешка, Русија, Србија Грција и Македонија. Ромите потекнуваат од Индија, а се појавуваат во средновековните византски земји во средината на 11 век. Може  со сигурност да се препостави дека тие во Македонија се присутни во 12 век. Така, во полисите што ги правеле османлиските власти, може да се најдат податоци за Ромите кои живееле во турските кадилуци или казни. Во тие тие полиси може да се најде дека Роми имале во македонските градови, Штип, Кратово, Велес, Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево, Дебар и Охрид. Најголем дел од пристигнатите Роми во тој период работеле како ковачи, артисти, гатачи, дресери на животни, јажари, свирачи, калајџии, кожари, папуџии, слуги, бојаџии и др.
 
Во Македонија во периодот 1888-1895 година, кога е правен попис на населенито, имале 22.001 жител – Ром. Најмногу Роми имало во битолскиот, прилепскиот, скопскиот струмичкиот и тетовскиот округ Половианта од нив живееле во градовите.
 
Според подтоците на истражувачите и научниците (етанолози, географи, социолози и историчари) кои ги проучувале Ромите, во периодот до 12-20 век над Ромите се правени, масовни егзодуси, прогони, погроми и асимилации. Уште се свежи сеќавањета на Холокаустот на Ромите во текот на Втората светска војна  кога се претпоставува дека  во германските логори настрадале  околу 500.000 Роми.

 По втората  Светска војна  Ромите повторно се соочиле со прашањето на опстанок. На предлогот на Слободан Верберски, од 6-8 април 1971 година е одржан Првиот Светски конгрес на Ромите. на Конгресот присуствувале делегати до 14 земји. Тие го прифатиле името Ром, определиле официјално знаме и химна на сите Роми во светот. Биле формирани пет комисии, кои ќе сезанимаваат со општествени проблеми, образование, воени злосторства, јазик и култура. За прв претседател бил избран Слободан Берберски. Воспоставен е и прв контакт на Ромите со нивната прататковина Индија преку Амбасадата на Индија во Лондон. Од 1971 наваму, рмското движење во светот постојано расте, а Меѓународниот ден на Ромите 8 парил се слави во Америка, Африка, Азија, Австралија и Европа. Македнските Роми со своите активности даваат голем придонес во јакнењето на тоа движење и развојот на Ромите.

Емина Шемо

претседател на Демократските Сили на Ромите
– Огранок Охрид