Во САД е поставен нов светски рекорд за најдолга светкавица, кога пред речиси две години, молња „го пресече“ небото речиси 770 километри, соопштија ОН.
Новиот рекорд за најдолга „цик-цак“ молња, измерен во југот на САД на 29 април 2020 година, изнесува 768 километри – низ сојузните држави Мисисипи, Луизијана и Тексас, нагласи Светската метеоролошка организација на Обединетите нации. Ова се 60 километри повеќе од претходниот рекорд во јужен Бразил на 31 октомври 2018 година.
Стручниот комитет на ОН објави и нов светски рекорд за времетраење на молскавица. Се работи за бура над Уругвај и северна Аргентина од 18 јуни 2020 година. Молњата траела 17,1 секунда или за 0,37 секунди подолго од претходниот рекорд поставен на 4 март 2019 година, исто така во северна Аргентина.
Ова се исклучителни снимки на поединечни молскавици. Екстремните еколошки феномени се живи димензии на моќта на природата, како и на научниот напредок во способноста да се направат такви проценки, соопшти гласноговорник на Организацијата.
Евидентирани се уште две екстремни појави поврзани со громови. Еден од нив е најголемииот број загинати луѓе од директен удар на гром во 1975 година – 21 усмртено лице во Зимбабве, во колиба-засолниште погодено од гром. Другиот рекорд е за индиректен удар, кога 469 лица загинаа во Дурунка, Египет, кога во 1994. молња удри во резервоари со нафта, и врело масло го поплави градот.
OhridNews