Утре, 22- ри ноември, во македонската Амбасада во Вашингтон во пресрет на големиот Американски празник „ Ден на Благодарноста“ ќе се одржи традиционалниот, четврти по ред настан „ Благодарност од Македонскиот Народ до Американскиот Народ“.
Оваа година честа да настапи ќе ја има Владимир Четкар кој ќе се претстави со целовечерен концерт и авторска програма а ќе биде придружуван од Марк Блеквуд на Бас гитара и Натаниел Грахам на Тапани.
Меѓу гостите кои ќе присуствуват на овај настан ќе бидат повеќе претставници на сенатот и конгресот, бизнис заедницата и дипломатскиот кор меѓу кој и поранешните амбасадори на САД во Македонија Филип Рикер и Лоренс Батлер.
OhridNews