Светски познатиот британски состав „Рудиментал“ на празникот Илинден ќе гостува во Охрид. Забавата за која е најавено дека ќе трае повеќе од шест часа, ќе се одржи на плажата „Немо“, на 2 август со почеток во 22 часот.
Настапот на „Рудиментал“ е во рамките на фестивалот „Оранџ фестивал“, кој почнува на први август настап на германскиот диџеј и продуцент Том Нови. Цените на влезниците за Том Нови се од 250 до 300 денари, а за „Рудиментал“ се 500 денари.
„Рудиментал“ досега два пати го освои првото место на најпрестижната британската топ-листа. „Waiting all night“ е хитот кој ја одбележи 2013 година и сѐ уште се наоѓа на топ листите. По неа следуваат „Right here“, „Never let you go“, „Home“…и уште многу други хитови коишто ги лансираа „Рудиментал“ помеѓу најдобрите во светот.
“Во Охрид доаѓаат првпат и возбудени се поради можноста да ја направат најголемата журка на отворено ова лето. Рајдер листата е со скромни и едноставни барања”, изјавија за медоимите организаторите од „Прагма продукција“.
Инаку „Рудиментал” гостуваа во Скопје на крајот на 2013 година.
OhridNews