Eден од најквалитетните бендови во моментов “EYOT”, по успешните настапи во Кан, Лондон, Дубаи, Минхен, Париз, Москва, Софија и на многу многу други места во светот, во сабота, 26-ти ноември, ќе настапи во „NOA Lounge Bar“.

За квалитетот на бендот сведочат големиот број награди на значајните џез фестивали. “EYOT” se победници на “Umbria Jazz Balkanic Windows 2009” и “MIDEM OFF Showcase 2012” во Кан, Франција и други. Дел од нивниот најнов албум, ќе биде премиерно претставен томку во “NOA Lounge Bar” во сабота. 

Не пропуштајте ја оваа несекојдневна можност да уживате во квалитетен музички настан, порачуваат организаторите.

Настапот на “EYOT” започнува во 22 часот.

OhridNews