Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која повеќе од успешно го организираше првиот атлетскиот викенд во Охрид под името „Охрид ТрчаТ“ во употреба ја пушти официјалната интернет страна наменета исклучиво за настанот кој го раздвижи целиот град.
На интернет страницата изработена од Мартин Додевски посетителите (ќе) можат да најдат се што е поврзано со атлетскиот викенд кој ги воодушеви сите учесници. Со отварање на интернет страната започна и пријавувањето на трките од 5 и 10 километри и тим билдинг трката која привлече големо внимание. Организаторите подготвуваат неколку изненадувања за охриѓани и за учесниците кои ќе бидат презентирани на официјалната интернет страница.
Интернет страницата на Охрид ТрчаТ можете да ја погледнете тука.
OhridNews