Стоматолошката ординација „Денторија“ од Охрид речиси една година на граѓаните им нуди врвни услуги достапни за сечиј џеб. Препознатливи по начинот на работа, „Денторија“ ужива се поголема доверба кај пациентите, а уникатните услуги кои ги нуди, како што се дентални импланти, оваа ординација ја прават вистински бренд кој ги следи најновите модерни трендови и технологии достапни на светскиот пазар.

Иако кај пациентите постои интерес за изработка на порцелански заби, малкумина знаат дека водечко место во реставративната стоматологија зазема материјал кој е со идентични  карактеристики како природните заби. Во суштина, се работи за „Zirkonia“ која се добива природно со сложена и комплексна постапка, а се користи за мостови и порцелански заби. Предноста на овие протетски изработки  е долготрајноста, постојаноста,  отпорноста од трошење и некршлиовста.

Според д-р Ертан Омеров од стоматолошката ординација „Денторија“, сите заби кои се изработуваат се порцелански, но разликата е во нивната основа. Како што објаснува тој, естетиката која ја нуди оваа изработка е совршена со анатомската морфологија и бојата на природните заби.

Водечка позиција во реставративната стоматологија зазаема материјал со сосема идентични карактеристики како природниот изглед на забите со цврстина, оптички својства и можност за компјутерска изработка со помош на модерната 3D Cad Cam  технологија. ZrSiO4 или Циркониум оксидот е природен материјал добиен со многу сложена постапка. Овие заби ја пропуштаат светлината, организмот ги прифаќа како свои и во нивната основа немаат воопшто метал. Особено важно во крајниот ефект е што изостанува темната линија кај гингивата која вообичаено со текот на годините се појавува кај изработките на заби кои во основата имаат метал.“ – вели д-р Омеров.

Тој потенцира дека иако цената за ваква протетска изработка е повисока за разлика од порцеланските заби кои соддржат метал, сепак постои економска исплатливост за пациентите на подолг временски период.

100% Zirkonia e практично нескршлива, многу е мала веројатноста коронката да пукне или да се скрши во устата. Се разбира ако е соодветно изработена и поставена коректно. Морам да напоменам дека временската рамка на оваа безметална цирконија која се работи исклучиво компјутерски без допир со рака, е сосема мала. За разлика од забите кои соддржат метал, за изработка на оваа протетска изработка се потребни од еден до три дена, што во суштина одговара на бројните странски туристи кои доаѓаат во нашата ординација.“ – додава Омеров.

Покрај безметалната цирконија, во стоматолошката ординација „Денторија“ за изработка на порцелански заби се користи и титанот.

Откако титанот се користи за изработка на коронки, тој претставува првокласен избор на материјал. За разлика од кромокобалт-никел мешавината, овој метал не создава иритиации, 100 отсто е биокомпактибилен, не се чувствува неговата тежина, а во устата воопшто не се чувствува неговото присуство. При обложување на металите со керамика со текот на времето останува линија на контура на преминот кон непцата,додека кај титан коронките оваа линија е практично невидлива. Со изборот на титан како материјал за вашите коронки добивате проѕирни, сјајни, совршено мазни и високо естетски заби.Нормално, го користиме најдобриот титан, кој се вреднува од „грејд“ 1 до 6. Засега, имаме постигнато одлични резултати.“ – вели д-р Омеров.

Во стоматолошката ординација „Денторија“, пациентите можат да се одлучат и за пресована цирконија, како најевтината варијанта на бесметална керамика. Цените се движат од 60 до 200 евра, и тоа 200 за протетска изработка од 100 отсто цирконија, 150 евра за пресована цирконија, 100 евра за титан, како и 60 евра за мешавината од кромокобалт-никел.

Инаку, ординацијата која се наоѓа на улицата „Стив Наумов“ 49Б и е опремена по светски стандарди, ја води д-р Ертан Омеров, дипломиран доктор по стоматологија кој своето високо образование го завршил на престижниот Истанбулски универзитет во Република Турција.

О.Т.