Во јапонскиот град Тотори собрани се уметници од десеттина земји за да земат учество на светскиот фестивал на фигури од песок. Фестивалот е со тема „бајки и легенди“. Така на плажата можат да се забележат волшебници, вили, џинови и други познати ликови од бајките. Се очекува фестивалот да го посетат 200 000 луѓе.


Во службениот натпревар влегуваат 19 скулптури меѓу кои најбројни се од Холандија, Канада и Германија. За своите дела уметниците потрошиле 2700 тони песок. Меѓу останатото, посетителите ќе уживаат во средновековен замок висок 8, а широк 30 метри како и во заврзаниот Гуливер со Лилипутанците.