Во чест на Франческо Асишки, кој бил назначен за светец- заштитник на Италија и на животната средина, па затоа станало обичај црквите да одржуваат церемонии за благословување на животните на или во близина на неговиот празник, 4-ти октомври. Целта на одбележувањето на овој ден е подобрувањето на статусот на животните за да се унапредат стандардите на нивното живеење на глобално ниво. Денот за прв пат е одржан во 1925 година со цел привлекување внимание за прашањето за благосостојба на животните низ целиот свет преку поттикнување на бизниси, училишта, клубови и други општествени чинители да организираат и учествуваат во разни настани на Светскиот ден на животните, со цел подобрување на животот на сите животни.
Историски гледано, денот бил инициран од неговиот основоположник, цинолог и активист за заштита на животните, Хајнрих Цимерман кој го организирал првиот Светски ден на животните на 24 март 1925 година во Спортската палата во Берлин, Германија. Над 5.000 луѓе присуствувале на овој прв настан. Активноста првично беше закажана за 4 октомври, за да се усогласи со празникот на Свети Франциск Асизиски, светец -заштитник на екологијата, но палатата не била достапна за тој ден. Настанот за прв пат се одржува на 4-ти октомври во 1929 година . Конечно, во мај 1931 година на конгресот на Меѓународниот конгрес за заштита на животните во Фиренца Италија, предлогот на Цимеран да се направи 4 октомври Светски ден на животните универзален беше едногласно прифатен и усвоен како резолуција.
Со Законот за заштита на животните во Македонија се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита при фармско држење.
OhridNews