Според Светската здравствена организација (СЗО), секоја година од штетните последици на чадот од цигари во светот умираат околу пет милиони луѓе, или статистички во светот на секоја десетта секунда умира по едно лце како последица на пушењето.

Светскиот ден против пушењето, 31. мај оваа година се обележува под слоганот “Создадете и уживајте во средина која што е 100 отсто без чад од цигари“.Денот против пушењето се обележува од 1998 година со цел да се укаже на опасноста и штетноста што ги предизвикува пушењето.

И покрај алармантните податоци на СЗО, бојот на пушачите во земјава и натаму е висок, а последните податоци покажуваат дека се поголем е бројот на жени пушачи. Токму затоа кампањата по повод Светскиот ден против пушењето во Македонија е посветена  на овој проблем и се одвива под мотото “Како да престанете со пушењето за вас и за вашето бебе“.

Г.М.