Пушењето е главен проблем и водечка причина за морталитет. Од глобалната епидемија на тутун и болестите кои се поврзани со овој ризик фактор, умираат повеќе луѓе одколку што умираат од ХИВ – СИДА, маларија и туберкулоза комбинирани заедно. Цената која ја плаќаат пушачите по штета на нивното здравје рапидно расте. За две декади ќе ја достигне бројката од 8 милиони смртни случаи годишно. Доколку не се превземат сериозни мерки, пресметано е дека 1 билион луѓе можат да умрат од употреба на тутун во текот на 21-от век.
Тутунот е единствениот легален продукт за консумација кој што при употреба убива токму така како што е наведено од производителот. Околу половина од пушачите ќе умрат од болести кои се поврзани со употреба на тутун.Чадот има сериозни последици по здравјето и кај пасивните пушачи.
Владите ја препознаа важноста за контрола на тутунот и сега се превземаат сериозни мерки кои се однесуваат на таксите, формирање на цена, реклами, пакување, знаци за предупредување од штетните последици, забрана за пушење на јавни места и поддршка на луѓето кои сакаат да престанат со пушењето.
Оваа иницијатива е силно поддржана од 46 земји од Европа кои ја ратификуваа Конвенцијата за контрола на тутунот од СЗО. Владите сфатија дека здравјето е приоритет и преземаа акција со имплементација на строго дефинирана легислатива во борбата против пушењето.
И покрај тоа што се превземаат најразлични мерки за контрола и прекин со пушењето, сеуште една третина од населението во Европа се пушачи. Сериозна бројка на болести како канцер, кардиоваскуларни и респираторни болести се поврзуваат со пушењето. Тутунот е најголемиот ризик фактор за заболувањата во Европа, кој може да се избегне, со оглед на тоа дека предизвикува повеќе здравствени проблеми, отколку алкохолот, дрогата, крвниот притисок, прекумерната тежина или холестеролот.
Поради сите овие проблеми по здравјето на човекот и околината кои ги предизвикува тутунот, одлучено е 31- ви мај да биде прогласен за Светски ден против пушењето. Истиот треба да го поттикне секој граѓанин да придонесе во борбата против тутунот, преку промоција на здрав стил на живот, како и помош на пушачите за освојување на нивната битка против тутунот.