Инициран во 1961 година од страна на Меѓународниот театарски институт, Светскиот ден на театарот се одбележува насекаде низ светот со различни национални и меѓународни театарски настани.

По тој повод Народниот театар Охрид вечерва, во 20 часот. во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

Г.М.