Овогодишното мото на Светскиот ден на слободата на медиумите е „Медиумите во 21 век: нови граници, нови пречки“, а едно од главните прашања е гарантирање на слободното изразување на интернет.
Светскиот ден на слободните медиуми е воведен од група новинари кои пред дваесет години се собраа во Виндхоек, во Намибија, со една единствена цел – заштита на основните права на слободниот печат.
Во изминатите десет години повеќе од 500 новинари загинале извршувајќи ја својата работна задача. Само во минатата година загинаа 60 новинари, а секојдневно се повеќе новинари се жалат на насилство и закани.
Во пораката објавена од Обединетите нации се повикуваат сите држави да се обединат и заедно со светската организација да ја пропагираат слободата на сите медиуми.