Волонтерите на Црвен крст Охрид кои се обучени за прва помош и доброволна примена на истата за да спасат живот и дадат придонес во заедницата, преку различни демонстрации на техники за укажување на прва помош, презентација на потребната опрема и средства за прва помош, ќе потенцираат на волонтерскиот дух и солидарноста, на принципите на кои се заснива укажувањето на првата помош-хуманост, непристрастност и доброволност, со посебен акцент на укажување на прва помош при сообраќајни незгоди.
Првата помош помага за изградба на самодоверба и самопочит кај волонтерите и ранливите лица, пружа подршка на луѓето да си помогнат самите себе, но и да се изградат посилни заедници преку изградба на односите и солидарноста меѓу луѓето, велат од Црвениот крст.
Активностите од областа на Првата помош се една од основните дејности на организацијата на Црвениот крст ширум светот. Тие одговараат на индивидуалните, семејните и на капацитетите на локалната заедница, лесно се учат, безбедно укажуваат и лесно се паметат, корисни се да обезбедат сигурен и здрав стил на живеење. Во рамките на активностите за одбележување на Светскиот ден на првата помош, на платото пред „Летница”, на 8 септември од 10:00-17:00 ч. ќе се одвива крводарителска акција на која нашите сограќани ќе можат да ја покажат својата хуманост, дарувајЌи крв, информираат од охридскиот Црвен крст.