Сексуалната, економска, физичка, како и другите најлоши форми на злоупотреба на детскиот труд е универзален и алармирачки проблем поради што пред седум години 19 ноември беше прогласен за Светски ден на превенција од злоупотреба на децата, а ден подоцна на 20 ноември се одбележува Меѓународниот ден на детето.
Целта на одбележувањето на овие датуми е да се поттикнат државите да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи незаконското искористување на децата.
Се проценува дека денес во Република Македонија има 18.500 деца на возраст од 7 до 18 години кои не се вклучени во училиштата иако школувањето како задолжително е загаранитирано со Уставот. Околу 2000 деца се на улица. Најчесто овие деца се и жртви на најлошите форми на залоупотреба на детскиот труд. Тие се исклучени од воспитно образовниот процес и се најчести жртви на сексуална злоупотреба, на педофилија, трговија со деца, деца на улица и деца чиј труд се злоупотребува.
ohridnews