Клиниката за гинекологија и акушерство денеска, по повод 17 Ноември, Светскиот ден на предвреме родените бебиња, ќе ја презентира најновата статистика поврзана со смртноста на новороденчињата за 2023 година, а ќе даде и компаративен приказ во однос на изминатите години.
Од податоците објавени во Државиот завод за статистика во Република Северна Македонија стапката на смртност кај доенчиња за 2022 година изнесувала 3,2 умрени доенчиња на 1000 живородени деца. Додека стапката на смртност кај доенчиња за 2012 година изнесувала 9,8 умрени доенчиња на 1000 живородени. Во дадениот период бележиме позитивен тренд на намалување на доенечката смртност, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Многу преживеани бебиња се соочуваат со доживотна попреченост, вклучително и пречки во учењето и проблеми со видот и слухот.
Покрај здравствените предизвици со кои се соочуваат новороденчињата, одвојувањето на родителите од нивните бебиња придонесува за сериозни и долгорочни здравствени и развојни проблеми кај новороденчињата, а исто така влијае на менталното здравје на родителите на долготрајни последици, додаваат од ИЈЗ.
Дури и без дополнителните ризици, недоносените бебиња се меѓу најранливите пациенти ширум светот и како што студиите постојано покажуваат на бебињата им требаат родителите покрај себе.
Светскиот ден на предвремено родените деца е потсетник за да се подигне свеста и да се поттикне акција за спречување на предвремено раѓање каде што е можно, подобрување на здравствените системи и спасување на животите на бебињата, потенцираат од ИЈЗ.
OhridNews