Светскиот ден на крводарителството-14 јуни, Црвениот крст Охрид ќе го одбележи со голема крводарителска акција на градскиот плоштад.
Акцијата ќе се одржи во периодот од 10-15 часот на плоштадот на локацијата пред Рибниот ресторан.
По тој повод Црвениот крст-Охрид ги повикува сите хумани луѓе, крводарители со дарување на најдрагоцената течност да го одбележиме овој ден и воедно обезбедиме доволни количества крв за оние на кои им е потребна.