17-ти Maј е Светски ден на хипертензијата. Востановен е пред 15 години и неговото одбележување има за цел да ја подигне свеста за важноста на оваа медицинска состојба која многу често останува неоткриена и нетретирана. По тој повод, денеска, во просториите на Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид е поставен штанд каде медицинскиот персонал со пациентите разговара за хипертензијата, важноста од рано откривање и адекватен третман.
Знаењето за оваа болест на пациентите им го збогатуваме со наменски едукативен материјал кој го добиваат. Хипертензијата е во нашиот фокус секојдневно 365 дена во годината. Ова е повод да упатиме и апел до пошироката јавност да не заборава на покачениот крвен притисок и да не го игнорира овој сериозен здравствен проблем. – порачуваат од Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
Светскиот ден на хипертензијата Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид го одбележуваме заедно со компанијата „Алкалоид“, со која оваа здравствена установа соработува долги години, а активностите ќе се одвиваат во текот на целиот месец.
Годинава целиот месец мај е во знакот „МММ“ (May Measurement Month). Toa e глобална камапања која ја предводи „ISH“ (Интернационалното здружение за хипертензија), а на која и се приклучуваме и ние, како установа која е предводник во активностите посветени на превенција и третман на кардиоваскуларни болести во земјава. – информираат од Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
OhridNews