Според медицинските експерти, раното откривање на причините кои доведуваат до оваа болест, можат да помогнат во нејзиното успешно спречување и лечење. За таа цел, на денешниот ден се организираат масовни акции за едукација на населението, а во градот ќе се вршат бесплатни прегледи во ПЗУ Дарон.
Инаку, логото на Светскиот ден е син круг, кој од 2007-та година го симболизира животот и здравјето, односно, бојата на небото и знамето на ОН.