Светската здравствена организација предупредува дека опасниот вирус „Зика“ може да се прошири на голем број држави и најверојатно ќе се прошири во Јужна и Северна Америка. Овој вирус го пренесуваат комарци и за него не постои лек.

Инфекцијата предизвикува зголемена температура, конјуктивитис и главоболки. Вирусот е најопасен за бремените жени бидејќи влијае на фетусот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот што може да предизвика и смрт.

Научниците вирусот го поврзуваат со оштетувања на мозок кај повеќе илјади новороденчиња во Бразил.

Досега вирусок „Зика“ е регистриран во 23 држави. Речиси 80 отсто од заразените луѓе не знаат дека во себе го носат вирусот се додека не се појават симптоми.

Директорот на Институтот  за алергии и инфекции во САД вели дека ситуацијата со вирусот се влошува од ден во ден. Лекарите советуваат  засега само избегнување на патувања во држави каде е регистриран вирусот.

OhridNews