Австралиската тенисерка Ешли Барти објави дека става крај на професионалната кариера на 25-годишна возраст. Првиот светски рекет не ги пријави причините за ваквата одлука. Деталите, според неа, ќе ги каже на утрешната прес-конференција.
Денес е тежок и многу емотивен ден за мене бидејќи најавувам дека се повлекувам од тенисот. Не знаев како да го соопштам ова, па ја замолив мојата добра пријателка Кејси Делаква да ми помогне. Многу сум благодарна за сé што ми даде овој спорт и си заминувам гордо и задоволно. Им благодарам на сите што ме поддржаа на тој пат, секогаш ќе ви бидам благодана за спомените што ги создадовме заедно, напиша Барти на социјалните мрежи.
Барти има освоено три Грен слема во сингл: Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Вкупно има 15 победи на различни турнири во сингл. Покрај тоа, таа има 12 трофеи во двојки, меѓу кои и победа на УС Опен-2018.
OhridNews